Актуелно 22.10.2019 10:11

Венко Глигоров: ВЛАДАТА ДА НЕ СЕ ЗАЛАЖУВА ДЕКА ГИ ИСПОЛНИЛА УСЛОВИТЕ – ТОА Е ПОГУБЕН РЕЦЕПТ ЗА ПРАВЕЊЕ СТРАТЕГИЈА

Венко Глигоров: ВЛАДАТА ДА НЕ СЕ ЗАЛАЖУВА ДЕКА ГИ ИСПОЛНИЛА УСЛОВИТЕ – ТОА Е ПОГУБЕН РЕЦЕПТ ЗА ПРАВЕЊЕ СТРАТЕГИЈА

Претседателот на Владата нека не се залажува, а воедно и нас да не не’ лаже дека Македонија ги исполнила сите услови за добивање на датум. Освен името, ништо не е исполнето ниту за интерни потреби ни за меѓународни напиша на својот фејсбук профил Венко Глигоров.

Прво и основно, власта не задоволи ниеден критериум според кој ја доби довербата од граѓаните. Всушност граѓаните преку протести, и со обилна помош на Меѓународната му ја подарија победата на СДС. А тие? Ниту има правда, ниту има намалување на загаденоста, Македонија е попрљава од било кога. Нема забележителен прогрес во економијата. Растот на БДП е во рамките на статистичка грешка и најмногу се должи на активноста на странските инвестиции – а тие се на климави нозе поставени и се базираат на субвенции. Давачките се зголемија, а услугите на државата се чини се полоши. Има некоја слобода во изразувањето со тенденција да се одзема дел по дел.

Што исполни Владата а што беше побарано од меѓународната за да се приближиме кон ЕУ? Дали барем една точка од документот на Прибе е исполнета? Можеби само преамбулата да е задоволена бидејќи мислам дека ја нема. Му побараа реформи во правосудството – комисијата со која во меѓувреме раководеше се распадна. И’ побараа да расчисти со криминалот, а таа расчисти со СЈО. Наместо санкционирање на претходен криминал, создадоа нови форми на криминал со челници од своите партии. И ги ослободија претходните криминалци. Последно што и’ побараа (Холандија) беше за продолжување на работата на СЈО – немаше закон. Дали има реформи во државната администрација? Нема.

Се согласувам дека Владата и нејзиниот Претседател е изигран со тоа што Франција не го покрена истото прашање претходно. Сега можеме сите да солиме памет дека требале некои писмени гаранции, па можело да се очекува вакво нешто од лице што има баба за сопруга итн итн. Македонија е изиграна. Факт.

Но да се обидува Заев да ја лаже јавноста дека се’ сме направиле – не сме направиле. Да имавме направено, немаше да има потреба од избори. Да знаеше како тоа се прави – немаше да се постави како неговиот претходник и решение да бара во избори. “Избори па попис” – каде така се правело тоа? Кој сака да живее во земја на апсурди? “Избори па попис” – дали ви личи дека имаме работа со сериозни политичари?

Да му укажам на Заев дека ако реално не ја согледува состојбата, било која стратегија што почива на погрешни тези и состојби – не може да дава системски и долгорочни резултати. Од политичарите се навикнавме дека треба да лажат, ама време е за усул. Не сме глупи. Се очекува сработување на бараните работни задачи. Патот ниту е прав ниту е трасиран, има безброј дупки, ниту се има контрола во брзината на движење. Ситуацијата повеќе личи на “Во слободен пад” отколку на прав пат. Нека биде ова за поука пошто бараше да го слуша гласот на народот.

❤️Мк