Сојуз на средношколци на Македонија бара надлежните да го надминат проблемот со недостиог на учебницим како и да се решат останатите проблеми. Тие посочија дека секој почеток на учебна година учениците се соочуваат со бројни проблеми што го попречуваат нормалниот тек на образованието.
-Има недостаток на околу 20 отсто од учебниците. На секој ученик просечно му недостасуваат 2-3 учебници. Учебниците продолжуваат да имаат бројни технички грешки во нивната содржина. Спротивно позитивните закони, учебниците продолжуваат да циркулираат од ученик до ученик и тоа повеќе од 5 години. Средните стручни училишта се соочуваат со недостиг на соодведна литература, каде 50% на учениците во односните училишта изјавиле дека немат учебници. Непостои колерација помеѓу наставните програми и наставните предмети.Учениците купуваат учебници од одредени професори и фотокопираат, и покрај тоа што учебниците се бесплатни, изјави Бленди Ходај од Сојузот на средношколци на денешната прес-конференција што се одржа во Тетово.
Сојузот на средношколци бара брзо решение на овие проблеми и исто така овие прашања да не се повторуваат секоја учебна година.
-Наспроти ова, Министерството за образование и наука вината за недостаток на учебници ја префрлува кај училиштата, наводно дека тие навреме не поднеле барања за учебниците кои треба да се заменуваат. Впрочен ние како Сојуз сме откриле дека овие барања навремено биле доставени до МОН. Доказ за оваа состојба се барањата на училиштата за замена на учебници што на време ги доставиле. Нашето прашање за МОН е: дали наоѓате време да постапите по барањата за недостиг на учебници доставени од страна на училиштата, рече Ходај.
Претставниците на Сојузот рекоа дека ако овие барања по натаму продолжуваат да се негираат, Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија ќе преземе други демократски чекори за решавање на овие проблеми, неисклучувајќи и бојкотот на образованиот процес како и протести на учениците во целата држава.