Регулаторната комисија за енергетика денес треба да ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.
При последната промена на цените, бензините се намалија за половина денар, додека цената на дизелот остана непроменета.
Еуросупер БС 95 се продава за 68 денари за литар, Еуросупер БС 98 за 70 денари, а Еуродизел (Д-Е V) за 62 денари.
За 0,004 денари поскапи мазутот М-1 HC , и новата цена изнесува 33,344 денари за килограм.
РКЕ ја донесе одлуката за намалувањето на малопродажните цени на нафтаните деривати, што во просек изнесува 0,09 проценти, врз основа на цените на горива и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите седум дена.