Економија 04.07.2018 14:25

Дали Кина и ЕУ ќе се борат заедно против САД?

Дали Кина и ЕУ ќе се борат заедно против САД?

Со нарушувањето на трговските преговори меѓу Кина и САД, кинеските дипломати и предложиле на Европската унија да подготват заеднички став во однос на САД, но засега немаат успех.

Според медиуми во Брисел, кинескиот премиер Лиу Хе и трговскиот преговарач Ванг Ји на своите европски колеги им предложиле заеднички настап, при што ЕУ и Кина заеднички би покренале постапка против САД пред Светската трговска организација поради одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе царини за увоз на челик и алуминиум.

Но, европските земји го одбиле кинеското барање со образложение дека не сакаат да заземаат страна во трговска војна меѓу Кина и САД. Во средината на јули во Пекинг ќе се одржи самит меѓу Кина и ЕУ и кинеските власти барале тогаш да биде официјализиран договорот за партнерство.

Најнови вести