Веројатно Скопје е единствениот главен град во Европа каде комарците се осудени да умрат од старост, се дел од шегите на социјалните мрежи кои се врат деновиве.
Градот Скопје оваа година закасни со прскањето против комарци, а последните денови имаше неколкудневни најави дека ќе се почне со прскање, што истото се одложуваше. Конечно овој викенд се случи долгонајавуваното запрашување против комарци, но она што го дознаваме е дека прскањето се случило со средство кое било намабавено од претходниот на Шилегов Коце Трајановски.
140 литри беше вкупната литража на средството со кое се попрскуваше, а е останато од минатата година, рече за Курир извор од градот Скопје. Имено она што е свовидна иронија е фактот што токму минатата година Шилегов и СДСМ обвинуваа дека се работи за токсично средство со кое се прскаат комарците и тоа средство наводно било штетно за граѓаните.
Добро упатени биолози и медицинси лица велат дека се работи за безопасно средство за граѓаните и материјата сепак е нетоксична. Тие убедуваат дека нема негативни влијанија кај граѓаните.
За Шилегов сега истата материја која од опозиција му беше токсична, сега е совршено здраво.
Интересен е податокот што запрашувањето за прв пат оваа година го вршеше Аероклубот Стенковец, која во минатото се занимавала исклучиво за вакцинирање на лисици. Во сите други градови запрашувањето го вршеше Бониер која повеќе од една деценија наназад запрашуваше и во Скопје.