Актуелно 12.07.2018 15:52

Владата ја задолжува државата без престан- на 17 овој месец ново задолжување од огромни 22,6 милиони евра

Владата ја задолжува државата без престан- на 17 овој месец ново задолжување од огромни 22,6 милиони  евра

На официјалната страна на Министерството за финансии е закажана аукција на државни хартии од вредност на 17- ти овој месец. Имено, Владата планира да ги задолжи граѓаните за нови 22,6 милиони евра. На официјалната страна на Министерството за финансии се објавени проспекти за аукција на 30 годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 1.000.000.000 денари или 16,2 милиони евра и на 5 годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 400.000.000 или 6,4 милиони евра.

Владата и Министерството за финансии вртоглаво се задолжуваат додека капитални проекти нема. Експертите предупредуваат дека  вака слаба реализација во буџетот на капиталните трошоци ќе резултира со потфрлување во постигнување на проекциите за БДП за 2018 година од 2,3 %. Познавачите велат дека вака слабото работење ќе резултира со лоши резултати по македонската економија која и онака стои на климави нозе. .Исто така  експертите сметаат дека задолжувањата се оправдани само доколку со нив се градат проекти кои имаат подолгорочен позитивен ефект врз економијата на земјата како градење на инфраструктура патишта мостови, железници и слично. Владата на Република Македонија кога беше опозиција жестоко ги критикуваше задолжувањата додека сега кога е на власт се задолжува континуирано и без никакви резултати во смисла на капитални инвестиции.

Што е уште поалармантно е дека 30 годишната државна обврзница е со камата од 4,6 % на годишно нови што значи дека за 30 години владата ќе треба да врати 22, 4 милиони евра. За заем од 16,2 милиони евра граѓаните и наредните генерации ќе треба да враќаат огромни 22, 4 милиони евра.

Според експертите оваа влада нема капацитет и визија како да ја крене економијата на нозе. Тоа го докажува и фактот што во првиот квартал растот на БДП беше поразителни 0,1 %.