Актуелно 17.07.2018 14:19

Во Собранието пауза, ВМРО-ДПМНЕ се противи на измените на Изборниот законик

Во Собранието пауза, ВМРО-ДПМНЕ се противи на измените на Изборниот законик

На почетокот на 53. седница на Собранието на Република Македонија објавена е едночасовна пауза на барање од координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев  кој реагираше на  дополнувањето на дневниот ред со измени на Изборниот законик.

Данев рече дека веднаш откако еврокомесарот Јоханес Хан излегол од собраниската седница „била подметната измена на Изборниот законик“, што никогаш претходно во државава не се правело без консултација и согласност со опозиицјата.

– Во очи на формирање на ДИК, разгледување на Изборниот законик и на вака закажана седница на Собранието на РМ пред неколку дена, која беше закажана за денеска во 12 часот, во 12:38 доаѓа допис во кој се предлага промена или дополнување на дневниот ред  и тоа ниту повеќе ниту помалку со измени на Изборниот закони. Никогаш во РМ не се менувал и не се носел Изборен зкаоник без консултации и поддршка од опозицијата, рече Данев, дополнувајќи дека тоа е жално за демократијата во РМ и за граѓаните кои веруваат во демократија и евроатлантските интеграции на државата.

Собранието треба да ја продолжи седицата во 14:20 часот.

МИА