Актуелно 21.07.2018 10:58

Заев нудел широка влада и амнестија за политичките случаи само ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи договорот со Грција, Мицкоски одлучно одбил?

Заев нудел широка влада и амнестија за политичките случаи само ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи договорот со Грција, Мицкоски одлучно одбил?

Од неофицијални и непотврдени партиски извори од ВМРО-ДПМНЕ дознаваме дека четврточната лидерска средба поминала со тврди ставови и надмудрувања, а целокупната дискусија на домаќинот на средбата премиерот Зоран Заев се сведувала на операција со бројки за да се стигне до потребната поддршка за референдумот. Заев и Шекеринска не биле подготвени со аргументи за ниту една од точките, но единствено каде силно настојувале е потребата референдумот да биде успешен и позитивен во однос на поставеното афирмативно прашање за поддршка на договорот со Грција.

Заев отворено побарал од Мицкоски да го повика членството на најголемата опозициска партија да го поддржи договорот со Грција, и за тоа нудел широка влада во која би влегла ВМРО-ДПМНЕ и тоа превземајќи ги три клучни ресори за кои ќе ценат дека им се примамливи. На ова Мицкоски откако го сослушал Заев му одговорил дека нема намера по ниту една цена да си го погази зборот кој бил даден во јавноста дека договорот е штетен и дека државата со тој договор оди во пропаст.

Заев и покрај одлучното одбивање од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на маса ставил и последен адут, а тоа е целокупна амнестија за случаите поврзани со СЈО, со услов ВМРО ДПМНЕ да го поддржи договорот на референдум. На ова Мицкоски повторно ја одбил понудата, одговорајќи дека ова меѓу другото е прашање на достоинство, и тоа нема цена, а ставовите на ВМРО-ДПМНЕ кои смета дека конвинираат на интересите на граѓаните и државаата не се пазар, и ставот против договорот не може да се менува во замена на било какви понуди кои би значеле предаство на интресите на државата.

Заев потоа продолжил да убедува дека нормално е да се менуваат ставовите бидејќи тоа било политика, и политичарите мораат да се прилагодуваат на околностите. Мицкоски ја затворил темата со зборовите дека она што можеби за Заев е нормално, во реалната пракса и согласно моралните норми би преставувало измама која тој како човек и политичар не ја прифаќа.

Инаку, во текот на вчерашниот ден повеќе портали и медиуми блиски до власта брифираа информации дека наводно ВМРО-ДПМНЕ било тоа кое барало амнестија. Од партијата се огласија дека тоа воопшто не е точно. Од опозициската партија брифираат дека е апсолутно е неточно дека ВМРО-ДПМНЕ бара и преговара некаква амнестија.

Од партијата посочуваат дека треба да знаат и Заев и Шекеринска дека со ваквата оркестирана кампања, заоснована на невистини и шпекулации, на трикови, и двосмилени потези само ја одалечуваат државата од било каков успешен исход од разговорите кои се започнати.

-ВМРО-ДПМНЕ единствено за што се залага е подобрување на законските решенија и применување на европските пракси, како и обезбедување на механизми за заштита на изразената волја на граѓаните. СДСМ треба да престане да ја дезинформира јавноста и да дефокусира од заложништвото во кое ја втурна прифаќајќи го штетниот договор со Грција, нагласуваат од партијата.

Инаку преговорите меѓу партиите продолжуваат најверојатно во понеделник во клубот на пратениците. Партиски извори брифираат дека шансите за било каков договор се намалуваат по серијата дезинформации кои излегоа во претходните денови, а пред се пласирани од провладините гласила.