Утрово остварив средба со амбасадорот на Австрија, Н.Е Мартин Памер. Ја цениме нашата одлична соработка која е резултат на меѓусебната посветеност во одбранбените односи каде секогаш има простор за унапредување и развој. Преку заедничката одбранбена соработка ги развиваме и јакнеме одбранбените способности на нашите земји, а со тоа ја зацврстуваме и безбедноста, напиша на својот Фејсбук профил министерот за внатрешни работи, Владо Мисајловски.