Денес во Сараево министерот за одбрана Владо Мисајловски учествуваше на Министерскиот состанок на процесот СЕДМ. Тој информира дека таму дискутирале за актуелните безбедносни состојби и иднината на регионалната соработка.
-Во моето обраќање истакнав дека глобалните предизвици имаат значително влијание врз стабилноста на Југоисточна Европа и потенцирав дека само преку почитување на меѓународното право, доследен дијалог и заедничка активност можеме да обезбедиме одржлива безбедност и мир во регионот. Македонија, во изминативе години како земја-домаќин на главниот штаб на SEEBRIG, ја реафирмираше посветеноста на процесот СЕДМ и на развојот на Бригадата, која е исклучително значајна за зајакнување на регионалната безбедност, истакна Мисајловски.