Актуелно 16.12.2025 08:11

Мицкоски во работна посета на Брисел

Мицкоски во работна посета на Брисел

Премиерот Христијан Мицкоски од денеска престојува во работна посета на Брисел, во чии рамки утре ќе учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан.

Според најавите, предвидено е премиерот Мицкоски и членовите на владината делегација вечерва да присуствуваат на настанот насловен „Здравица за добрите соседи: Еве колку се добри Западните Балканци …“, што под покровителство на еврокомесарката за проширување Марта Кос го организираат амбасадорите на земјите од Западниот Балкан во Брисел.

Како што се наведува во најавата, станува збор за „уникатен настан каков што Брисел досега не видел“, посветен на чествување на културното богатство, разновидноста и европската иднина на Западниот Балкан, со посебен акцент на една од „најсимболичните традиции во регионот – уметноста на правење на вино“.

– Обединувањето на Европа може да се заснова само на нашите споделени вредности, поттикнати од поединци инспирирани од заедничка култура и историја. Овој симболичен собир се стреми да ги почитува овие врски во средина што негува дијалог, пријателство и меѓусебно разбирање, се нагласува во најавата на настанот.

Во неа се додава дека присутните на настанот ќе имаат можност да откријат препознатливи вина од секоја од земјите од Западниот Балкан, да се сретнат со нивните производители и да ја доживеат разновидноста на регионот во топла и неформална атмосфера.