Градскиот парк се дави во смет, а надлежните служби не реагираат, иако токму таму се наоѓа и седиштето на Град Скопје.
На социјалните мрежи масовно се споделуваат фотографии од ужасната состојба во која се наоѓа Градскиот парк.
Паркот е полн со смет, а настрадаа и водените површини кои веќе подолго време се преполни со шишиња, кеси и разни отпадоци.
Додека градскиот татко Петре Шилегов се занимава со дневно политички настани, за состојбата со градската чистота имаме молк од општината.
Граѓаните реагираат за ваквата состојба и прашуваат дали Скопје има градоначалник.