Актуелно 15.10.2020 13:39

Државата за некого мајка, за некого маќеа- свадбите во Сарај се над законот во Македонија, власта замижува пред новите жаришта на корона

Државата за некого мајка, за некого маќеа- свадбите во Сарај се над законот во Македонија, власта замижува пред новите жаришта на корона

Мерките на владата за некого мајка за некого маќеа.

Непочитувањето на истите се само доказ за нефункционалноста на системот, особено на власта да се справи со нив.

Речиси цело лето свадбените прослави во скопската општина Сарај се секојдневие и тоа ни помалку ни повеќе туку со над 150 гости, ова за КУРИР го вели сведок кој денеска ни испрати и фотографии од прослава која се случува во моментов во општината.

-Рестораните се полни, на улиците колони возила украсени со машни и лимузини се секојдневие во оваа општина каде свадби се случуваат без никакви протоколи, раскажува нашиот читател.

И додека едни протестираат поради забраната за организирање на свадбени прослави на други државата не им може ништо, бидејќи тие се над законот.

Дали овие фотографии ќе бидат доволен доказ за власта да спроведе контроли на надлежните органи е речиси невозможно да дознаеме…