Финансиска малверзација вредна 1 милион и 150.000 евра во спрегата УЈП, ФЕНИ и компанија на вицепремиерот Кочо Анѓушев, откриваат документите до кои стигна истражувачкиот тим на Телевизија Алфа.
Документите кој ги открива „Алфа“, покажуваат дека „Енерџи Деливери Солуншнс“, која во моментот на скандалот беше во сопственост на Анѓушев, со државни пари од УЈП си го наплатила долгот од ФЕНИ во висина на споменатата сума, Со документ кој е издаден пред датумот на добивање на одобрението.
На 28.07.2017 година, ФЕНИ и компанијата на Анѓушев потпишале договор за цесија со кој се предвидува дека со долгот на УЈП кон ФЕНИ за поврат на ДДВ, ќе се покријат долговите на ФЕНИ кон ЕДС.
Овој договор е склучен токму во периодот пред стечајот на ФЕНИ, што отвора сомнеж дека компанијата на Анѓушев знаела дека ќе се случи стечајот па преку цесија на ДДВ си го наплатила долгот.
Најфрапантното во случајот е тоа што во договорот помеѓу ФЕНИ и ЕДС, двете страни се повикуваат на одобрение од УЈП за поврат на ДДВ, издадено еден месец по потпишувањето на договорот, на 14.08.2017. На 28.07 компанијата на Анѓушев и ФЕНИ, знаеле дека УЈП ќе им издаде одобрение на 14.08, односно 16 дена подоцна.
Спорниот договор, до кој стигна тимот на АЛФА, во кој со број се цитира одобрението кое во моментот на потпишувањето не е издадено, е потпишан од Митко Кржовски, директор на компанијата која тогаш е во сопственост на Анѓушев и претставник на ФЕНИ Индустри.
Експертите за анти-корупција категорични дека се работи за огромен финансиски скандал, со кој е многу веројатно дека буџетот на Република Македонија бил оштетен со над 74 милиони денари или нешто над 1 милион и 150.000 евра.
Според познавачите на состојбите, во овој случај истраќните органи треба да одгововарат чија е одговорноста и како фирмата на Анѓушев можела 16 дена пред издаденото одобрение, исто да го добие со архивски број.
Компанијата ЕДС подоцна стана позната и во Грција, откако беше продадена на тамошното државно електростопанство. Грчката опозиција бараше одговори и предупредуваше на политички дил помеѓу двете влади во екот на решавањето на спорот со името.
За случајот со цесијата, за АЛФА говори и Слаѓана Тасева од Транспаренски Интернациионал. Sледува и второ продолжение, со уште пошокантни сознанија.