Актуелно 04.06.2018 12:56

Апасиев: Рашковски ја излажал Владата дека има два докторати

Апасиев: Рашковски ја излажал Владата дека има два докторати

Генералниот секретар на Владата лажел дека има два докторати, тврди Димитар Апасиев, член на Левица. Тој вели дека Драги Рашковски овој лажен податок го навел и во работната биографија што е објавена на веб-страницата на Владата.

 

-Имено, од јавно објавениот Билтен на УКИМ бр. 1149 еден месец подоцна, т.е. на 30 јуни 2017 на страна 30 се гледа дека Рашковски во моментот на избор на функцијата немал ниту објавена Одлука за прифатена тема за докторска дисертација, што е иницијална фаза за докторирање – а камоли ‘одбранет докторат’!? Според Правилникот на Универзитет ‘Св. Кирил и Методиј’ во Скопје за трет циклус студии, во најдобар случај, меѓу објавениот наслов на дисертација и јавната одбрана на истата поминува една до две години, напиша Апасиев на „Фејсбук“.

Но, додава тој, нашиот генерален секретар уште лани побрзал да се пофали со наводна втора научна титула „доктор на науки“, иако никогаш ни до денешен ден го нема одбрането докторатот, ниту пак има добиено позитивна рецензија за истиот.

Според Апасиев, Рашковски треба да си поднесе оставка од морални причини или да биде разрешен од функцијата.