Овие апликации ќе станат ваш личен асистент
#1 Mint: Budget, Bills, Finance
Mint е една од најпопуларните финансиски аликации, која ви помага постојано да имате увид во вашите приходи, сметки, но и детално сортирање на трошоците по групи – на пр. храна, превоз, облека и сл.
Нејзините алгоритми ќе ви помогнат врз основа на буџетот да увидите дали имате потреба да ги намалите вашите трошоци.
#2 Goodbudget
Оваа апликација ќе внимава секој ден да трошите точно онолку пари колку што смеете. Имено, апликацијата функционира на принцип виртуелно плико кое содржи одредена количина готовина, таа апликација внимава да останете во границите на вашиот буџет кој сте го ставиле во секое виртуелно плико. Секој трошок како сметки, храна, превоз и сл. има свое плико.
#3 Daily Budget
Се уште не сте сигурни колку би требало да изнесува вашиот дневен буџет? Оваа апликација има одговор за вас – врз осова на внесените податоци за вашите приходи и начинот на живот, ќе ви помогне да го пресметате вашиот дневен буџет и уште поважно, ќе ве мотивира да штедите.