Зоран Заев е во очај. Зоран Заев е еден истрошен политичар. Свесен е дека рејтингот му е во слободен пад и затоа избегнува лидерско соочување со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. На секое соочување, јавноста има прилика да види колку е Заев инфериорен или пак да чуе некоја негова нова лага, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
-Затоа го повикуваме да се охрабри и да излезе на понудената можност за дебата на телевизија Алфа, која што е една од 5-те национални телевизии. Тоа што бега не значи дека ќе успее да побегне од судот на граѓаните кој му следува на 12-ти април. Јавно прашуваме она што ги интересира граѓаните но и сите нас, тоа е да одговори веднаш Зоран Заев, дали сега на 12-ти април кога ќе ги изгуби изборите ќе си поднесе оставка? И ако каже дека ќе си поднесе оставка, очекуваме еднаш барем, барем овој пат да си додржи до зборот и на тој начин да ја ослободи СДСМ, но и Република Македонија од своето штетно политичко дејствување, рече Арсовски и додаде:
„Доволно граѓаните се заложници на лудоста, криминалот, лицемерието, лагите и коруптивноста на Зоран Заев и неговата криминогена фамилија. Претстојните избори се избор помеѓу чесната понуда, принципите, реалната програма и одговорната работа за иднината на Република Македонија кои ги нуди ВМРО-ДПМНЕ од една страна, но и криминалните тендери на Зоран Заев, на неговото семејство и на функционерите од СДСМ, рекетот како главен проект на оваа влада на СДСМ изминативе 3 години, растечката корупција, фијаското во економијата, образованието, здравството, земјоделството, кои ги донесе власта на Зоран Заев и СДСМ, од друга страна“.
По претстојните избори, според Арсовски, Заев треба да си замине од политиката и политичката сцена.
-Затоа треба да одговори дали сега кога ќе изгуби на изборите ќе си даде оставка и ќе замине од политиката засекогаш. А, веднаш потоа и да одговара за се она што направил. Изборот е едноставен и убедени сме граѓаните дека ќе извојуваат голема победа заедно со ВМРО-ДПМНЕ над политичкото цунами наречено Заев кое што е штетно за иднината на нашата држава Република Македонија. Граѓаните на 12-ти април јасно и недвосмислено ќе кажат, ЗАЕВ НИКОГАШ ПОВЕЌЕ.