Економија 12.09.2019 21:33

Арсовски: Русковска му е потребна на Заев за ги амнестира за случајот Рекет

Арсовски: Русковска му е потребна на Заев за ги амнестира за случајот Рекет

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски во вечерашното гостување емисијата „Патот кон“ на телевизија Алсат истакна дека СДСМ ја одолговлекува истрагата за случајот „Рекет“ и носењето на Законот за јавно обвинителство.

Целта на опозицијата според Арсовски е со новото законско решение за обвнителството да биде задоволена правдата, односно сите оние кои што се огрешиле пред законот да одговараат. Законското решение додаде тој, мора да биде од корист за сите граѓани.

-Тие славеа и се радуваа што не се донесе тој закон. Зошто? Конкретно затоа што тоа не се одолговлекуваше поради ВМРО, ако некој одолговлекува гледаме дека тоа го прави СДСМ кои што одолговлекуваат една истрага од страна на Русковска обвинителството, тоа е истрагата за случајот Рекет. Напротив ние не одолговлекуваме за нас е исклучително важно и од самиот почеток кога излеговме со конкретни предлози како треба да биде темелно граден овој закон за Јавно обвнителство ние уште тогаш имавме намера да донесеме закон кој ќе биде од корист за сите граѓани, меѓутоа сите оние кои правеле некаков криминал без разлика дали од позиција или било како ќе бидат изведени пред лицето на правдата и ќе ја добијат заслужената казна, вели Арсовски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека опозицијата уште од самиот старт апелира на брза и детална истрага за случајот „Рекет“. За судбината на останатите обвинители од СЈО, Арсовски истакна дека тие треба да е вратат во обвинителствата од каде што потекнуваат, а потоа тие можат да конкурираат да станат дел од новото обвинителство за гонење на висока корупција. Причината за ваквото барање на опозицијата е токму аферата „Рекет“ и можната инволвираност на други обвинители во истата покрај Јанева.

Во однос на предметите тој посочи дека тие треба да завршат во рацете на новиот обвинител кој ќе е на чело на обвинителството за гонење на висока корупција. Арсовски вели дека единственото барање на Зоран Заев и СДСМ во преговорите за Законот за јавно обвинителство било персоналното решение за тоа кој ќе биде на чело на новото обвинителство за гонење на висока корупција.

-Во однос на преговорите, единствено барање од страна на СДСМ и Зоран Заев да се создаде обвинителство кое врзано персонално решение, односно шеф кој што ќе го води. И нормално целите преговор името кое кружело е госпоѓата Вилма Русковска која штп сите знаат дека е блиска до Зоран Заев. Се со една цел да ги амнестира од сите криминали кои што ги прават до сега и нормално да ги амнестира за случајот Рекет, потенцираше тој.