Банкарство 26.06.2018 16:04

Банкарските картички со пин кодови заминуваат во историјата

Банкарските картички со пин кодови заминуваат во историјата

Банкарските картички кои овозможуваат плаќање со пинови и чипови наскоро може да станат историја, како дел од плановите да се воведе побезбеден начин на купување пишува британски Mirror.

Новите биометриски картички ќе функционираат на принцип на отисок од прст, благодарение на вградената технологија за скенирање на отпечатоци. Сè што ќе треба да напават корисниците е да отидат во банка и да остават отпечаток од показалецот, а тој ќе се регистрира на платежната картичка и така никој не ќе може да ја користи истата без дозвола на сопственикот.

Технологијата за скенирање на отпечатоци се придвижува од магнетното поле на терминалот за плаќање, па така продавниците дури и нема да мораат да ги заменат своите машини, односно за разлика од промоцијата на безконтактните картички, биометриските картички ќе работат со постојните платежни терминали.

Банките се одлучија на овој чекор поради зголемениот број на украдени или пробиени картички. Само минатата година хакерите и сајбер криминалците успеале да украдат над една милијарда евра.

Плаќањата со банкарски картички е во нагорен тренд и се очекува до 2027 година тоа да биде најкористениот начин на плаќање.

Дали со ова ќе се обезбеди целосна заштита за корисниците или пак сепак ќе има одредени пропусти кажува случајот кои го детектираа експертите за безбедност од компанијата Proofpoint кои објавија дека детектирале нов вирус – Vega Stealer, кој им се заканува на корисниците на Google Chrome и други популарни пребарувачи.

Со помош на малициозен софтвер, сајбер-криминалците крадат податоци од банкарски картички и други важни информации. Vega Stealer е модифицирана верзија на вирусот August Stealer откриен во декември 2016 година.

Се дистрибуира преку е-mail и испраќа паразити на зачуваните лозинки, документи и доверливи информации на Google Chrome, Firefox, Skype и Opera. Често вирусот доаѓа во порака од некоја голема компанија со прилог во форма на документ “short.doc”.

Вториот вклучува малициозни макроа кои го отвораат Vega Stealer. По инфицирањето на компјутерот, вирусот ја скенира работната површина на жртвата, краде важни податоци и ја испраќа до напаѓачите на далечински сервери. Експертите уште еднаш ги советуваат, корисниците да бидат внимателни кога отвараат непознати и сомнителни mail пораки.