Европската централна банка (ЕЦБ) ги претстави новите банкноти од по 100 и 200 евра кои благодарение на своите безбедносни карактеристики значително ќе ги отежнат сите обиди за нивно фалсификување.
Најновото дизајнерско решение предвидува намалување на висината на банкнотите со цел тие да се изедначат со тие од 50 евра.
ЕЦБ планира новите банкноти да ги пушти во промет на 28 мај 2019 година, а како што велат одтаму, предтоа ќе мора да се адаптираат над еден милион банкомати.
Во Еврозоната, ЕЦБ има ексклузивно право да дизајнира и врши емисија на хартиени банкноти.