Актуелно 06.03.2020 16:09

Без лична идентификација, нема влез на стадионот за мечот со Косово!

Без лична идентификација, нема влез на стадионот за мечот со Косово!

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денес објави информација дека сите влезници за мечот против Косово на домашен терен се распродадени.

Доколку нема закана од коронавирусот и никаква препорака од надлежните органи, трибините за овој историски натпревар на нашата селекција ќе бидат полни.

Основен критериум за било кој навивач да биде дел од овој спектакл ќе биде личната идентификација. Без документ редарите нема да дозволат влез во стадионот, а ќе се проверува точноста на информациите за секој поединец.

ФФМ препорачува фановите да не се залажуваат и да купуваат влезници на „црниот пазар“, бидејќи нема да добијат дозвола да го следат натпреварот на 26 март.

Дуелот против косовската репрезентација е првиот од двата чекори кои македонската репрезентација треба да ги направи за да се пласира на Европското првенство 2020.