Актуелно 19.11.2018 17:57

Биткоинот повторно бележи пад

Биткоинот повторно бележи пад

Биткоинот падна на ниво од пред 13 месеци за време на денешната трговија.

Криптовалутата достигна 5.165 долари, што е најниско ниво од 18-ти октомври 2017-та година, извести „CoinDesk“.

Малку подоцна биткоинот врати дел од цената, а во времето на подготовка на материјалот се тргува за сума од 5.198,40 долари, покажуваат податоците на „CoinMarketCap“.

На годишна основа биткоинот забележа пад од 32%, бидејќи на овој ден пред 12 месеци цената беше во износ од 7.600 долари за готово.

Така пазарната капитализација на криптопазарот падна исто до минимумот од пред 13 месеци, или до 169 милијарди долари.

Само во последните 5 дена пазарната капитализација е намалена за 30 милијарди долари.