Актуелно 16.09.2018 11:39

Бизнисмените треба да дадат 10 милиони евра за 100.000 гласови по логиката на Заев

Бизнисмените треба да дадат 10 милиони евра за 100.000 гласови по логиката на Заев

Доколку се следи логиката на премиерот Зоран Заев, дека еден глас за промена на името и идентитетот би требало да се вреднува со 100 евра, тогаш помагањето на Заев, бизнисмените би ги чинело најмалку 10 милиони евра.

Многу е голема веројатноста дека и 100.000 гласови ќе бидат малку за Заев да го достигне цензусот за промена на Уставот, идентитетот, традицијата и културата, но и во таков случај не постојат гаранции дека некој вработен кој добил 100 евра награда нема во недела да се разболи и да биде спречен да се појави на гласачкото место. Сепак тој ќе мора да избере помеѓу аманетот оставен од предците и малата патетична награда кој што едвај е доволна да ги исплати трошоците за гориво или цигари.

Самиот Заев на трибина во Крива Паланка, ветуваше награда за гласање на граѓаните во самата општина,  доколку излезат да гласаат на референдумот.

Дури и по објавената видео снимка, Заев јавно кажа дека на сопственикот на „Минстрој“, побарал од работниците да гласаат на референдумот и затоа им ветил дека ќе им даде парична награда доколку го сторат истото.

По излегување на виделина на овие докази кои укажуваат кршење на Кривичниот законик, Јавното обвинителство на Република Македонија не реагираше. Самото обвинителство не поведе постапка за проверка на наводите и не презема мерка за спречување на ова кривично дело од страна на премиерот Заев.

Поради овој молк од државните институции, ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција објави дека во понеделник ќе поднесе Кривична пријава до Јавниот обвинител. Бидејќи очекува соодветна реакција од самите институции, и да се спречи злоупотреба и кршење на законите во Република Македонија.