Актуелно 14.08.2019 14:34

Боки 13 му се заканил на Заев: Вади ме од затвор или ќе објавам како со Харадинај крадеше милиони

Боки 13 му се заканил на Заев: Вади ме од затвор или ќе објавам како со Харадинај крадеше милиони

Бојан Јовановски (Боки 13), кој во Скопје беше уапсен поради рекетирање на бизнисменот Орце Камчев, се заканува дека ќе објави докази за криминалните врски на Зоран Заев и Рамуш Харадинај, објави српски „Информер“.

Боки 13, тврдат добро информирани извори на „Информер“, очекува Заев да го среди неговото пуштање од затвор и тоа јасно му го порачал преку адвокат и заеднички блиски соработници.

Во спротивно, додаваат изворите за „Информер“, Боки 13 се заканил дека ќе проговори за милионските мафијашки бизниси на Заев и Харадинај.

Според изворите на „Информер“ Боки 13 е бесен затоа што веќе цел месец е во притвор, а премиерот нималку не се труди да му помогне.

-Боки после апсењето на грчката граница на 15. јули очекувал дека брзо ќе излезе да се брани од слобода, имал и уверувања дека се ќе биде замачкано. Меѓутоа, Заев очигледно тоа не може да го направи затоа што аферата е преголема. Затоа Боки 13, преку заеднички соработници, му упатил заканувачка порака на Заев, која гласи:

-Вади ме од затвор или ќе објавам како со Харадинај крдеше милиони, пренесува „Информер повикувјќи се на својот извор добро уптен во истргата.

Весникот наведува дека се шпекулира оти Боки има докази дека Заев рекетирал и некои други тајкуни, па дури и богати Албанци од Косово.

Некои исто така тврдат дека, по воведувањето на 100 проценти такси на Приштина, Боки 13 е вклучен во заедничкото работење на Заев и Харадинај околу шверц на стока од Србија. „Информер“ оди до таму што објавува дека има индикации дека сите тројца се вклучени во трговијата со оружје.