Лавина реакции предизвика вчерашната објава на премиерот Зоран Заев на социјалната мрежа твитер.
Имено, откако вчера лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски повика на протест за утре (вторник) во 18:30 часот порачувајќи и на власта дека Гоце Делчев се црвените линии за нашиот идентитет, премиерот Заев веднаш му возврати пишувајќи дека Делчев се борел за социјалната правда, како и дека Мицкоски и Делчев никако не одат заедно.
Може да се забележи дека немаше речиси ниту еден позитивен коментар на објавата, а најголем дел од граѓаните му порачувајќи на Заев дека Делчев е борец за Македонија и Македонците, а не за социјални права како што тој пишува, како и дека тој е предавник кој не е достоен да го спомнува името на македонскиот великан Гоце Делчев, други пак му порачаа дека не е нормално колку е глуп како и дека штом дошло ред таков како Зоран Заев да ја води државата тогаш со сигурност сме отишле во бездната.
Еве неколку од коментарите на твитер за ставот на Заев:
„Делчев борец за социјална правда? Да не барал од османлиите воведување на прогесивен данок?
Македонскиот великан Гоце Делчев е борец за слобода на Македонскиот народ и независна Македонска држава, ништо помалку и ништо повеќе“.
„Предавнику ти не си достоен да го споменуваш името на македонскиот великан Гоце Делчев“.
„Одродено створење“.
„Зоќе твитна дека Делчев е од Делчево и гасиме нетото за денеска“, пишуваат твитерџиите.