Финансии 16.12.2019 14:26

Цените на горивата остануваат непроменети

Цените на горивата остануваат непроменети

Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека цената на нафтените деривати останува непроменета во однос на минатата недела.

-Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.

Согласно тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,00 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,00 ден/лит, а малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,50 ден/лит.