Мозаик 18.05.2018 19:29

Четворица пратеници во Советот на Европа дел од коруптивен скандал

Четворица пратеници во Советот на Европа дел од коруптивен скандал

На четворица пратеници на парламентарното собрание на Советот на Европа им се одземени одредени права во собранието после извештајот за вмешаност во корупциски скандал, соопшти денеска независна организација со седиште во Стазбур. Шпанците Педро Аграмунт и Жорди Сукло, Романецот Флорин Преда и Самад Сеидов од Азербејџан, привремено се лишени од одредени права бидејќи сериозно го загрозиле кодексот на однесување на пратениците. Независната истражна комисија, чии заклучоци се објавени во претходниот месец соопшти дека постои големо сомневање за корупција, во корист на Азербејџан и дека осомничени се неколкумина пратеници. Пратениците добивале кавијар, теписи, ноќевања во луксузни хотели како и паричен надоместок за лобирачки активности.

Аграмунт е казнет на период од десет години бидејќи бил претседател на парламентарното собрание и се смета дека имал клучна улога во донесувањето одлуки во корист на Азербејџан, а другите тројца пратеници се казнети на период од две години.

Казнетите пратеници нема да можат да извршуваат активности на известувачи или набљудувачи на некои избори како ни да бидат претседатели или потпретседатели на некои комисии, се наведува во образложението од Советот на Европа и се додава дека истите нема да можат ниту да бидат кандидати за генерален секретар на организацијата.