Актуелно 03.09.2018 22:58

Црвенковски во 2008: Примена на ново име во билатерални односи или внатре во Македонија е премногу

Црвенковски во 2008: Примена на ново име во билатерални односи или внатре во Македонија е премногу

Познатата организација „ВикиЛикс“ која објавува класифицирани информации, во документ од 29 јули 2008 година кој се однесува на грчко-македонските односи, објави дека тогашниот претседател на државата Бранко Црвенковски, сметал дека името „Северна Македонија“ за внатрешна употреба е премногу.

Објавениот документ е извештај на тогашната амбасадорка на САД во Македонија Џулијан Миловановиќ.

„Црвенковски мисли дека Грција ќе се согласи за името Северна Македонија. Хил праша за македонскиот идентитет и јазик. Црвенковски рече дека евентуален излез е грчката позиција дека дискусијата е за името на државата, а националноста и јазикот не се дел од разговорите. Црвенковски како можно решение, кое ќе го потпише е билатерален договор со Грција само за името и обемот на употреба во билатерални односи. Мекадонија треба да го задржи македонскиот јазик и националност/идентитет, но ова може да биде со резулуција на Обиденетите нации (како додаток), а не нешто што Грција ќе треба да го потпише, со што ќе се спаси лицето на Грција и ќе се постигне договор за името и можниот опсег на употреба. Црвенковски вели дека Нимиц го разбира овој пристап“ стои во извештајот.

„Црвенковски мисли дека Република (Северна) Македонија, ќе може да функционира во опсег каде сега се користи ФИРОМ. Тој вели дека обемот го смета за најпроблематичен елемнт. Пред-букурешката понуда, Македонија да ги прифати препораките кои нациите сметаат дека треба да се користат (или препорачуваат да се користат) договорено име во билатералните односи, наместо уставно име, но последниот предлог на Нимиц да се бара билатерална меѓународна употреба е премногу. Исто така, премногу е било која формула која бара Македонија да се се вика поинаку од Република Македонија, на пример на пасошите или продуктите. Една работа е да се дискутира како другите ќе ја нарекуваат Македонија, и под кои услови, но сосема друга работа е да разговараат за услови за диктирање на Македонија да се вика поинаку од уставното име“, пишува Миловановиќ во извештајот.

Инаку поранешниот претседател на Владата, на државата и на СДСМ Бранко Црвенковски, го нема изјаснато својот став во врска со Договорот од Преспа.

Најнови вести