Технолгијата е супер, кога работи. Сепак во последните неколку недели имаше енормен број на примери за тоа колку е лошо кога не работи! Најпрво бројни проблеми во TSB, со тврдења од некои клиенти дека имааат проблеми подолго од еден месец откако направиле IT префрлање. Иницијалниот хаос остави милиони корисници оневозможени да пристапт онлајн или мобилно банкарство, додека некои по грешка добиле пристап на туѓи банкарски сметки. Ситуацијата била толку лоша и толку раширан, што оваа недела FCA (Finacial Conduct Authority) финансиската полиција отвори истрага за ваквото фијаско, пишува Индипендент.
Додека многу безготовинска технологија се развива од страна на агилни финтеџ компании, некои критичари сугерираат дека потпирањето на модерната тхнологија може да го доведе во ризик вкупното банкарско работење и инфраструктура.
Пинар Озан, професор на Варвик Бизнис училиштето вели: Од една страна, новите тхнологии како препознавање на глас и лице и ретина скенирањето овозможуваат подобра заштита на идентитето од пасвордите, од друга страна, повеќето од нас им веруваат на етаблирани банки за оперирање со нашите пари, иако никој не спомнува дека банките имаат IT систми кои датираат од 1970 и дека ги немаат апдејтирано нивните ситеми значајно оттогаш наваму, токму поради стравот дека системот може да се расипе во тој процес.,,
Сепак, сето ова не не спречува да ги користиме новите технологии и новите поволности. И не треба, вели Џон Труман, егзекутивен офицер во Квадрант системи: Технологијата овозможува на купувачитеда имаат разноврсни системи и методи на плаќање. Иако минатонеделната ситуација за многумина беше фрустрирачка, тоа е како кога линија од сообраќајот е стопирана, патниците едноставно наоѓаат друга рута до дома. Доколку еден платежен систем заглави, повеќето купувачи едноставно ќе употребат друга картичка.“
Апетитот на коснументите за леснотијата на разни дигитални и безконтактни опции, како и способноста да се плаќа со нивниот телефон, не покажува знаци на повлекување бидејќи гледаме дека пружа удобност во многу аспекти од нашето финансико живење.
Луси Грин, светски директор на Иновејшн Груп, вели: „Купувачите очекуваат безгрешно, ефикасно, мобилно и дигитално искуство какво што веќе добиваат од Амазон. Ова значи дека потфрлања или дури со глобален играч како VISA може едноставно да значат дека купувачите ќе се свртуваат кон провајдерот повеќе отколку кон самата технологија. Банките потфрлаат да инвестираат, да реализираат и да одат напред со технологијата и иновациите и може брзо да заостанат, особено кога пазарот е вознемирен од бран на нови иновативни банки, финансиски продукти и платформи кои се екстремно напредни“, вели Луси Грин.
Шеофот на Иновејшн Груп додава: „Ова е впрегнато со нови помлади корисници кои покажуваат апетит кон алтернативни банки и генерално помалку се приврзани кон иституции“.
Стјуардите на нашите податоци ќе бидат под поголем притисок за безготовинско општество ги прави нашите финансиски навики видливи и предмет на анализа. Еквифакс изгуби корисници заради недоверба во оперирањето со податоците.
Преселбата на фејсбук кон плаќање со Месинџер и нивната неодамнешна афера со податоците се веќе добро илустрирани низ медиумите. Како што се движиме низ дигиталната ера, ефикансното банкарство, но и пприватноста и транспарентноста ќе станат клуч за успешни брендови.“
Марк Александат Крист, ко- основач на компанија за мобили плаќања SumUp, вели дека најважното е да е заштитен корисникот. „Нашата работа, и онаа на друите на кои им е доверено да го овозможат овој сервис, е да ја стават сигурноста на трансакцијата и картичката на прво место, пред се друго.“
Секако колку помалку готовина користиме, толку е потешко криминалци да се двиѓат со наши пари без да остават траги. Труман вели: „Владите охрабруваат развој на безготовинско општество за да го зголемат процентот на оданочување така што ја блокираат сивата економија. Безготовинската економија значи дека може да ги следиме парите: знаеме од каде дошле и каде одат. Во интерес на сите даночни обврзници е да го осигураат овој ланец.“ Во крајна линија,, ќе станеме навикнати на удобноста и брзината на вајантите на финтехот и секако, кешот не е без нелагодности.