Актуелно 22.01.2021 17:19

Дали структури од Косово се вмешани, па затоа Африм и Алил не се екстрадираат?

Дали структури од Косово се вмешани, па затоа Африм и Алил не се екстрадираат?

Дали структури од Косово се вмешани во маса крот кај Смилковското езеро што се случи пред Велигден во 2012 година, во кој беа уби ени четири момчиња и еден рибар?, анализира Канал 5 телевиизја.

Ова се отвори како дилема, откако во вчерашните завршни зборови во процесот “Монструм” обвинителката Фатиме Фетаи се посомнева дека пасивноста на косовските власти кои веќе 8 години ги премолчуваат барањата за екстрација на првообвнеитте за уби ствата,не е случајна, и можно е да е поврзана со мотивите за злосторството.

“ Немам никакви дилеми дека секој човек што е деловно способен ќе сфати што може да се предизвика со тој чин на убиства. Токму можноста за повторна дестабилизација на Македонија е мотивот на овој чин во контекстот на ситуацијата во Косовоо и прешевската долина во тој период, во што делуимно имаа успех а се покажа во револтот и омразата искажани на протестите. // Веројатно најпрецизно мотивите и евентуално нивните наредбодаватели можат да ги кажат Африм и Алил кога ќе се соочат со домашен суд кога ќе бидат екстрадирани, верувам дека ќе дојде и тој ден. Агим не ја искорити ата можност. Мотивацијата да не се екстрадираат Агим и Африм можда е и подлабока на што упатува и неоправданата пасивност на косовските власти, но времињата се менуваат и очекувам и тие да бидат донесени пред тој суд да се соочат со правдата и родителите на жртвите. “ – рече Фетаи.

Македонскта јавност разбра дека Исмаиловиќ и Демири се на Косово во 2013 година, кога беа уапсени од тамошните власти за поседување оружје.. Од тогаш македонското министерствот за правда поднесе две барање за екстрација и десетици потсетувања за истите, но единствениот одговор во послениве две години е дека не можат да го лоцираат Африм Исмаиловиќ.

-Кога ќе се заврши процедурата во министерството за правда, тие ќе бидат екстрадирани во Македонија, рече Мустафа.

Случајот Монструм од почекот го следеа низа политички шпекулации и недоверба, кои особено се засилија откако тогашната опозициска СДСМ објави дека има прислучувани разговори поврзани со случајот кои ќе фрлат ново светлина на настанот.. Беа органзиирани протести, а полтиичките партии на Албанците бараа поништување на судењето, што се случи кон крајот на 2017 година, кога Врховниот суд го врати судењето од почеток, а обвинетите беа пуштени од притвор.

-Единствен момент каде ние како политичка партија бевме вмешани беше барањето да се повтори судењето поради недовербата на целата јавност во одлуката на судот претходно и тоа го постигнавме и од тука па натаму е работа на обвинителството судството и одбраната да си ги докажат во судска постапка своите аргумеит.- Артан груби – Вицепремиер и министер за политички систем

Обвинителката Фетаи во завршниот збор од повторното судење кажа дека ниту прислушуваните разговори, ниту исказот на лидерот на СДСМ Зоран Заев не доведоа до промена на вистината, нагласувајќи дека сѐ што било прибавено како доказен материја, е правилно анализирано, Фетаи додаде дека со ова миоже да се отфрлат сите сомнежи за случајот и побара максимилани казни за обвинетите.