Актуелно 09.11.2018 13:47

Димков: Корумпирано е Заев да бара помирување, пред гласање на уставните измени

Димков: Корумпирано е Заев да бара помирување, пред гласање на уставните измени

Националното тело за помирување е многу симптоматично зошто премиерот Заев го понуди сега во очи на гласањето и барањето на уставни измени. Така што сметам дека е коруптивен елемент барањето за помирување, изјави пратеникот во Собранието Трајчо Димков пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во гостување на МТВ во Дебатната емисија.

Тој додаде дека доколку Заев е искрен во намерата за помирување, тогаш треба мнозинството на СДСМ во парламентот да го прифати Законот за амнестија кој го понуди ВМРО-ДПМНЕ.

Според него владата на СДСМ веќе направила Закон за амнестија кога помилувала над 800 лица осудени за тешки кривични дела, па смета дека ниту сега не би било проблем да го прифатат Законот за амнестија понуден од страна на ВМРО-ДПМНЕ .