Актуелно 20.03.2019 22:58

Димков: Не е вистина дека опозицијата го блокира законот за социјална заштита

Димков: Не е вистина дека опозицијата го блокира законот за социјална заштита

Пратеникот Трајчо Димков на денешната јавна расправа за законот за социјална заштита истакна дека не е вистина дека опозицијата го блокирала законот за социјална заштита и токму затоа не треба да се шпекулира или обвинува опозицијата во однос на донесување или кочење на законот.

– На 26 декември 2018 година, по редовна постапка е предложен законот во Собранието во матично тело Европска комисија, не беше во Комисијата за труд и социјална политика. Така да и да сакавме немавме можност да промениме нешто во законот. Во однос на тогаш предложениот закон, здруженијата реагираа дека има потреба да се регулира. По предлог на пратеничката Благица Ласовска на точна на дневен ред кога дојде законот беше повлечен едногласно во Собранието, потенцираше Димков.

Тој вели дека и покрај повлекувањето на законот сепак ништо не променето во него и тој повторно е вратен на гласање без да се прифатат забелешките, и поради тоа ќе биде голема штета доколку се изгласа ваков каков што е.