Актуелно 17.12.2019 16:30

Димовски: Со црева за инвертер клими ли ќе се влечеме низ Македонија?

Димовски: Со црева за инвертер клими ли ќе се влечеме низ Македонија?

Пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, смета дека не е добро распределена одлуката за доделување на инвертер клими.

Според него, владејачката СДСМ ветила многу мерки против загадувањето, но голем дел не ги исполнила.

„Да ве прашам. Кога ќе ги праќате децата на курс по англиски, или на тренинг на фудбал или ракомет, со црева и со инвертер клима ќе ги праќате? Со црева ли ќе се влечеме низ Македонија? Гледаме што прават старите авобуси на ЈСП во Скопје. Ветивте депонија за цврст отпад. Каде е? Трошите пари кои не можете да ги потрошите за капитални инвестиции, не инвестирате во обновливи енергии. Вие инвестирате во потрошувачи на електрична енергија и со ова стимулирате загадување на Битола“, истакна Димовски.