На денешната седница на Собрание на Република Македонија се обрати пратеникот Илија Димовски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека во текот на вчерашниот ден македонските медиуми ја пренесоа веста каков ќе биде извештајот односно каков е извештајот на Венецијанската комисија во врска со законот за јазици. Според ова Димовски предложи да се имплементираат одредбите и препораките од Венецијанската Комисија.
Јас ќе потсетам дека премиерот и претседателот на ДУИ ако не се лажам и мнозинството на пратеници во дискусиите велеа дека тоа што ќе го прати Венецијанската Комисија ќе биде внесено во Законот. Јас така паметам ако грешам имате милион начини како да ме демантирате, нагласи Димовски. Димовски додаде дека Венецијанската Комисија вели „Комисијата го повикува законодавецот да го преиспита законот за јазици, да се откаже од одредбите на законот во врска со двојазичност во судовите. Да се ревидира член 3 од Законот употреба на јазикот ќе оди во внатрешни и меѓуинституционална комуникација.
Да се обезбеди доволно правна јавност во смисла на коментари дадени во сегашното мислење за да се користат и немнозинските јазици, оние на петте помали заедници спомнати во Уставот. Да се одложи извршувањето на санкциите“. И најбитно според Венецијанската Комисија би било корисно доколку властите спроведат детални студии за причините и недостатоците во спроведување на законот 2008 година, на тој закон се повикуваат. И да го проценат влијанието во однос на буџетот и човечките ресурси.
Исто така Комисијата препорачува законодавецот да не ја користи скратената постапка на господинот Џафери за ревидирање на Законот за јазици, истакна Димовски. Димовски по тој аспект и по ветувањето на Зоран Заев дека се што ќе порача Венецијанската Комисија предложи точката под реден број 10 дополнет предлог на Закон за инспекторат за употреба на јазиците денес да се симне од дневниот ред со цел да се даде можност Владата и министерството за правда да подготват измени на основниот закон за јазици во согласност со мислењето и препораките на Венецијанската Комисија.
Онака како секој од пратениците ветуваше кога гласаше и онака како што премиерот Зоран Заев ветуваше дека сите препораки на Венецијанска Комисија ќе бидат вградени во Законот. Затоа да не трчаме на една точка, пред друга точка, трета точка. Прво да ги имплементираме одредбите од Венецијанската Комисија, препораките на Венецијанската Комисија, па потоа да се навратиме на гласање на овој закон.
Гласањето спротивно на овој предлог во истиот момент денеска ќе потврди дека тие ветувања дека препораките на Венецијанската Комисија ќе бидат вградени во нашиот законодавство или било само маркетинг елемент на владејачкото мнозинство, дополни Димовски.