Актуелно 14.12.2018 10:11

Државата повеќе инвестира во пензионерите отколку во децата

Државата повеќе инвестира во пензионерите отколку во децата

Педесет отсто повеќе буџетски пари Македонија лани потрошила на пензионерите, отколку на децата. Во последниве десет години, трошоците за старите лица скоро и да се удвоиле, а во споредба со трошоците за децата, се зголемиле дури за четири пати повеќе. Истражувањето на институтот Фајнанс тинк и УНИЦЕФ покажува голем буџетски јаз меѓу старите и младите. За секои 10 денари потрошени на програми за деца биле потрошени 15 денари на програми за стари лица.

Инвестициите во децата во апсолутен износ растат, но кога ќе се земе предвид колкав бил растот на економијата, овие инвестици не го следеле растот на економијата. Исто така, инвестициите во инфраструктурни проекти се маргинализирани – изјави Благица Петрески – Фајнанс Тинк.

Според податоците од истражувањето само 3,8 од 100 денари се издвојуваат за инфраструктурни инвестиции во образованието. Недостасуваат и градинки и услови за децата со попречености. Со програмите за социјална заштита пак, е опфатено само едно од четири сиромашни семејства.