Актуелно 14.11.2018 10:40

Дури и Фрчкоски признава: Власта е неспособна, ова нема да заврши на добро

Дури и Фрчкоски признава: Власта е неспособна, ова нема да заврши на добро

Професорот и поранешен министер за внатрешни работи како и кандидат за претседател на државата од редовите на СДСМ Љубомир Данаилов Фрчкоски на социјалната мрежа Фејсбук излезе со свој коментар за последните случувања во државата.

Фрчкоски вели дека МВР по службена должност требало да го спречи екс премиерот Никола Груевски да ја напушти државата. Додава и дека ова е доказ за неспособноста на МВР, а властите не сфаќаат какви последици ќе има од овие случувања.