Омилениот невладино-владин претставник Џабир Дерала испрати директна закана до македонските пратеници дека доколку не се донесе Законот за јавно обвинителство, тој со неговата „шарена“ тајфа ќе излегле на улица.
Она што министерката Рената Дескоска не можеше да го каже, го кажа Дерала па наместо експертско мислење тој ширеше политичка пропаганда на експертската расправа. Камерата на Инфомакс го овековечи и моментот кога Дескоска и Дерала се договорааа што треба да каже претставникот на „граѓанскиот“ сектор. Политичката драма продолжува со оглед на тоа што власта нема никакви аргументи со кои би можела да го одбрани ова законско решение, а правните експерти без исклучок жестоко го критикуваа законот како небулозен и недоречен.