Актуелно 21.06.2018 14:08

Еколошките активисти бараат запирање на сите градби на охридското крајбрежје

Еколошките активисти бараат запирање на сите градби на охридското крајбрежје

Активистите на Еколошко здружение на граѓани „Фронт 21/42“ по повод Денот на Охридското Езеро 21 јуни денеска до пратениците во Собранието повторно испратија отворено писмо во кое се бара доследна примена на мораториумот за инфраструктурни проекти на крајбрежјето.

Здружението „Фронт 21/42“ минатата година до пратениците и надлежните институции испратија такво барање, парафирано со потписи на повеќе од осум илјади граѓани за целосна забрана на инфраструктурни проекти во единственото Светско природно и културно наследство во Македонија и доследно спроведување на Законот за управување со Охридскиот регион.