Финансии 20.08.2018 13:04

Ердоган: „Кризата на лирата е напад врз економијата, и тоа е исто што и напад врз знамето“

Ердоган: „Кризата на лирата е напад врз економијата, и тоа е исто што и напад врз знамето“

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска изјави дека сегашната криза на националната валута е напад врз турската економија и дека не се разликува од нападот врз знаме или повик на молитва.

Ердоган, обраќајќи ѝ се на нацијата по повод муслиманскиот празник Курбан бајрам и почетокот на четиридневниот празник во Турција, рече дека целта на актуелната криза на лирата е „Турција и нејзиниот народ да паднат на колена”. Тој истакна дека Турција има сила и способност да ја надмине оваа криза.

 

 

Спорот помеѓу Анкара и Вашингтон изби поради притворањето на американскиот свештеник Ендру Бренсон во Турција, каде што ќе му се суди за тероризам.