Актуелно 13.01.2019 12:50

Економијата ќе ја спасуваат со нова валута

Економијата ќе ја спасуваат со нова валута

Зимбабве во рок од година дена ќе воведе нова валута. Ова го најави министерот за финансии,  Мтули Нкубе откако недостигот на американски долари создаде хаос во финансискиот систем предизвикувајќи затворање на фирми и закани за протести.

Во државата има недостиг од гориво, а компаниите се присилени да купуваат долари „на црно“ со вредност повисока од 370 отсто од нормалната.

Зимбабве се откажа од својата парична единица во 2009 година поради хиперинфлација и ги прифати американскиот долар и други валути вклучително и фунтата и јужноафриканскиот ранд.

Во 2008 година инфлацијата беше 500 милијарди проценти, највисоко ниво во светот за држава што не е во војна. Во 2016 година е воведена заменска валута со цел да биде запрен недостигот од долари, но нејзината вредност беше уништена.

Претседатлот Емерсон Мнангагва е под притисок за оживување на економијата, но недостигот од долари ги поткопува напорите за привлекување странски инвеститори. Според централната банка, има помалку од 400 милиони долари во оптек.

Зимбабве мора да дејствува бргу за да ја издигне својата економија од дупка и да пристапи до меѓународна финансиска помош, предупреди Меѓународниот монетарен фонд во 2017 година.