Актуелно 25.04.2018 15:04

Економијата тоне – 7.4% е нивото на реализација на капитални инвестиции во првите три месеци од 2018 година

Економијата тоне – 7.4% е нивото на реализација на капитални инвестиции во првите три месеци од 2018 година

Министерството за финансии денес го објави извршувањето на буџетот за март 2018 година. Согласно податоците, реализацијата на капиталните расходи во буџетот изнесува скромни 7,4% што е дополнителен показател дека најголем дел од капиталните проекти во државата се запрени или забавени, а да не зборуваме за нови проекти, кои воопшто ги нема.

Доколку ваквото темпо на реализација продолжи и во наредните неколку месеци, под сериозен знак прашалник се става реализацијата на предвидените капитални расходи до крајот на годината.

Дополнително загрижуваат податоците на приходната страна. Приходите по основ на сите даноци се намалуваат, а единствено раст се забележува кај приходите од акцизите и увозните давачки благодарение на зголемената акциза на дизел горивата односно политиката на Владата за промена на даночната политика во насока на зголемување на даноците.
Екстремно лош е податокот за намалувањето на Бруто-приходите од 2,1% (на годишна основа) по основ на Данокот на додадена вредност (во услови на повисока основа на дизел горивата) што ја потврдува тезата дека македонските граѓани помалку трошат односно се зголемува сиромаштијата.

Дополнително, падот на продуктивноста на македонските компании се отсликува во пониските приходи по основ на Данок на добивка (пад од 11,5% во март на годишна основа).
Ваквите податоци укажуваат и објаснуваат зошто Владата издаде државна обврзница со рок на доспевање од 30 години во вреднсот од 20 милиони евра за која нашите внуци и деца ќе мораат да платат 29 милиони евра камата. Едноставно за да ги финансира погрешните фискални политики.