Актуелно 26.06.2019 19:24

ЕВЕ ЗОШТО ЗАЕВ СЕ ПОВЛЕЧЕ: Не дека е чесен, законот е таков!

ЕВЕ ЗОШТО ЗАЕВ СЕ ПОВЛЕЧЕ: Не дека е чесен, законот е таков!

Пред јавноста, Зоран Заев на денешната собраниска седница за реконструкција на владата на СДСМ, сакаше да претстави слика дека е чесен политичар, па се повлекува предлогот тој освен премиер, да биде и министер за финансии.

Вистината зошто Заев се повлече, не е во чесноста, туку во законот.

Тој посочи дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ била во право кога укажувала дека тој како претседател на Владата на Република Македонија не може да биде носител и на друга функција односно министер за финансии, бидејќи според законот за корпуција и судир на интереси овие две функции се неспоиливи.

Еве што вели законот: Функцијата премиер и функцијата пратеник се НЕСПОЈЛИВИ ЕДНА СИ ДРУГА!

Се е исто, само него го нема

Заев откако падна под притисокот на опозицијата и јавноста, го повлече предлогот да биде тој и министер за финансии. Со ова, македонскиот премиер кој за себе посакуваше и министерска фотелја, покажа класично непознавање на законите.

Остана на се исто од своите предлози. Така, Собранието на почетокот на седницата констатираше дека на министрите за култура, за земјоделство шумарство и водостопанство, за животна средина и на министерот без ресор, Асаф Адеми, Љупчо Николовски, Садула Дураку и Зоран Шапуриќ им престана мандатот, бидејќи тие претходно поднеле оставки. Ниту еден од министрите не ја образложи својата оставка.

На денешната собраниска седница пратениците треба да гласаат и за избор на Трајан Димковски за нов министер за земјоделство, Насер Нуредини за животна средина и просторно планирање, Хусни Исмаили за култура, Горан Милевски за локална самоуправа, Садула Дураки за политички систем и односи меѓу заедниците и премиерот Зоран Заев за министер за финансии, функција што ќе ја извршува во определен период заедно со функцијата претседател на Владата.

На дневен ред на денешната седница се и предлозите за разрешување на Драган Тевдовски од функцијата министер за финансии, Сухејл Фазлиу од функцијата министер за локална самоуправа и Хазби Лика од функцијата министер без ресор задолжен за спроведување на Рамковниот договор.

Имињата изротирани и стари, нови ликови нема.

Две години СДСМ е на власт во Македонија. Две години граѓаните не видоа ниту еден голем проект или мерка која ќе ги подобри нивните животи. Вакви манипулации, од друга страна, се она кое често го гледаме од Заев и неговите министри.