Актуелно 03.05.2018 14:10

Европската Комисија ги потврди лошите економски политики на Владата- растот во последниот квартал не го компензира лошиот резултат во претходните три, цените се покачија, задолжувањата ќе растат

Европската Комисија ги потврди лошите економски политики на Владата-  растот во последниот квартал не го компензира лошиот резултат во претходните три, цените се покачија,  задолжувањата ќе растат

Во новиот извештај што го објави Европската Комисија денеска за економските перформанси на Република Македонија се кажува дека македонската економија во 2017 имала скромен раст во последниот квартал од 1,2 % но дека овој раст не може да ги  компензира загубите и лошите економски резултати од првите три месеци.

Понатаму, во извештајот се кажува дека и покрај намалувањето на инвестициите увозот не се намалил. Додатно се кажува во извештајот дека потрошувачките цени се зголемиле за 1.1% во просек како резултат на зголемување на цените на горивата и на храната кои имале spill- over или прелевачки ефект во другите сектори.

Се коментира дека јавните вложувања односно инвестиции како што и коментираа експертите  во првите месеци од годината се многу намалени и слаби.

Извозениот раст се очекува да биде добар како и во изминатите години  и тоа  како резултат на  потпишаните договори со постоечките инвеститори кои планираат да ги прошират своите капацитети и дел од оние кои претходно сакале да инвестираат во земјата а дури сега склучиле договори.  Ова е позитивен тренд бидејќи овие компании се технолошко ориентирани и имаат позитивен удел во целокупниот извоз на земјата стои во извештајот на Европската Комисија.

 Исто така Европската комисија вели дека поради трошењето од државата, амбицијата на владата го намали фискалниот дефицит на 2.5% од БДП е амбициозен и тешко остварлив.

Таа потенцира дека Владата нема направено кратења на трошоците, ниту пак има спроведено мерки за зголемен приходи за да го оствари планираниот фискален дефицит (освен зголемувањето на висината на акцизата на горивата до ниво од 0.2% од БДП).

Се вели дека планот за консолидација на среден рок, се потпира на номинален раст. Државниот долг се очекува да расте оваа и следната година, поради буџетските дефицити и постепеното зголемување плаќање на каматите и новите задолжувања со кои се покрива фискалниот дефицит и да го финансираат големиот долг кој доажа за наплата во 2020.

На крај во извештајот потенцира  дека генерално државниот долг на Република Македонија ќе продолжи да расте до ниво околу 44% од БДП до 2019 година.