Компании,Финансии 17.01.2019 10:39

Фејсбук ќе инвестира 300 милиони долари во локални новински агенции во светот

Фејсбук ќе инвестира 300 милиони долари во локални новински агенции во светот

Фејсбук ќе инвестира 300 милиони долари во следните три години во локални новински агенции во светот, откако компанијата долго беше критикувана за улогата на социјалната мрежа во уништувањето на традиционалните медиуми ширум светот.

Инвестицијата предвидува значително проширување на планот за помош на новинските компании во САД и во странство за креирање и поддршка на одржливи бизнис-модели, соопштија денес од „Фејсбук“.

За разлика од претходните инвестиции на компанијата во новинарскиот бизнис, сегашниот потфат се одликува со тоа што не е поврзан со производи на на самата мрежа. Претходните инвестиции во новинарскиот бизнис ги охрабруваа издавачите да се потпираат на обезбедување на своите производи преку „Фејсбук“, што на крајот наштети на многу новински организации кога стратегиите на социјалната мрежа се променија.

„Фејсбук“ ќе продолжи да се бори и со лажните вести, дезинформациите и нискоквалитетните вести, изјави потпретседателот на компанијата за глобални новинарски партнерства, Кембел Браун, цитиран од агенциите. Според неговите зборови, „Фејсбук“ има можност и одговорност да им помогне на локалните информативни организации да се развиваат и да растат.

Првиот круг од инвестиции во САД ќе помогне за распоредување на ресурсите за локални репортажи, во истражувањето на тоа како технологијата може да се користи за подобрување на пронаоѓањето на вести и создавање на нови производи, за бирање на „практиканти-новинари од заедницата“ и нивното вклучување во локалните новински служби.

Иницијативата ќе помогне исто за финансирањето на програма за вклучување на 1.000 новинари во локални новински редакции во период од пет години. Меѓу примателите на инвестиции „Центар Пулицер“ (Pulitzer Center), „Репортажа за Америка“ (Report for America), Фондот за локално трансформирање на локалните вести „Најт-Ленфест“ (Knight-Lenfest Local News Transformation Fund), „Локалната медиумска асоцијација и Локалниот медиумски конзорциум“ (Local Media Association and Local Media Consortium), „Проект за американско новинарство“ (American Journalism Project) и „Проект за вести на заедницата“ (Community News Project).

Останати вести од Компании,Финансии

Министерството за финансии денеска од централниот Буџет до Рзвојната банка ја префрли првата транша од 10,4 милиони евра средства наменети за поддршка на домашните компании. Трансферот беше реализиран по доставено барање на Развојната банка за повлекување на средствата, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки. Имено, во Буџетот за 2025 година се планирани 250 милиони евра средства за поддршка на домашните компании со кои ќе се поттикне реализација на нов инвестициски циклус во приватниот сектор, којшто ќе влијае на поттикнување на економската активност. „Очекуваме компаниите да ги препознаат поволните услови кои ги обезбедивме со оваа кредитна линија и планираните средства да се искористат во целост. Тоа ќе биде силен поттик на домашната економија и поддршка особено имајќи ги предвид понеповолните услови во глобални рамки“, напиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на својот ФБ профил. Таа додава дека Министерството за финансии и Владата остануваат посветени партнери на бизнис секторот.