Актуелно 12.10.2018 14:55

ФОТО: Сообраќајка на влезот во Скопје предизвика километарска колона

ФОТО: Сообраќајка на влезот во Скопје предизвика километарска колона

Претпладнево на булевар Александар Македонски, после железничкиот надвозник на влезот во Скопје, се случила сообраќајна незгода којашто предизвика голем застој на возилата и долга колона на автопатот.

Во сообраќајката учествувале три возила, „фолксваген поло“, „БМВ“ и „мерцедес“, сите со скопски регистарски ознаки.

Полицијата извршила увид на местото на настанот, а засега се уште нема информации за повредени лица.