Во радиоемисијата на италијанското радио Каподистри, Ларис Гајсер, новинарот од италијанскиот весник „Ла Верита“ вели дека очекувал лицата чии гласови се слушаат на објавените аудио снимки да негираат дека се работи за нив.
– Не спиев од страв дека луѓето од снимките ќе негираат дека се тие. Нешто што е сосема легитимно. Но, сите признаа дека се работи за нив. Се стравуваше дека ќе исчезнат доказите, затоа јавно ги објавивме – вели Гајсер.