Финансии 25.10.2018 14:46

Германците бараат работници од поранешна Југославија – ги вреднуваат како достојни и одговорни

Германците бараат работници од поранешна Југославија – ги вреднуваат како достојни и одговорни

Во Германија, од 1 јануари треба да стапат на сила сет измени во трудовото законодавство, со кое оваа земја уште повеќе ќе ја отвори вратата за имигрантите.

Во овој момент, најсилната држава во Европа и недостасуваат 1,2 милиони работници. Деловната заедница во Германија е незадоволна од бесрамната бирократија за губење на дури 30 милијарди евра, бидејќи не се пополнуваат слободните работни места.

Канцеларката Ангела Меркел се согласи со коалициските партнери за поедноставување на процесот на вработување на странци од 1 јануари.

Предвидено е дека едно лице може да дојде во Германија шест месеци на сопствен трошок и да бара работа.

Ако некое лице има договор со работодавач во Германија, тој ќе добие виза за работа и престој, но во германскиот конзулат во земјата од која доаѓа.

Досега овој вид аранжман е возможен само ако работодавецот докаже дека нема работници за работата за која странецот е ангажиран на германскиот пазар. Сега оваа одредба е избришана, пишува Avaz.

Според истражувањата на владиниот и невладиниот сектор, особено се бараат работници од територијата на поранешна Југославија. Тие ги вреднуваат како достојни и одговорни.

До 2015 година германската влада ги усвои одредбите кои значително го либерализираа пазарот на трудот и им овозможија на граѓаните на земјите од Западен Балкан да им пристапат.

Трендовите оваа година покажуваат зголемување на бројот на оние од Балканот кои добија работа во Германија.

Германците не само што го освежуваа пазарот на трудот, туку драстично го намалија бројот на барања за азил. Со 120.000 потенцијални баратели на азил во 2015 година, тој број е намален на едвај 10.000 на крајот од 2017 година.