Актуелно 03.01.2019 15:32

Германската амбасада во Скопје: Не се точни информациите за престој без дозвола за работа

Германската амбасада во Скопје: Не се точни информациите за престој без дозвола за работа

Германската амбасада во Скопје во Скопје ги негира информациите објавени во медиумите дека граѓаните на земји кои не се членки на ЕУ можат да останат во Германија 6 месеци без договор или дозвола за работа.

“Информации во врска со новиот закон, кој треба да влезе во сила на 1.1.2019 и кој им овозможува на граѓаните на земјите кои не се членки на ЕУ да останат 6 месеци во Германија без договор за работа и без дозвола за работа, не се точни “, се вели во одговорот на Амбасадата.

Во врска со условите и времето на чекање за добивање визи за вработување во Германија, можете да добиете информации на веб-страницата на Германската амбасада во Скопје: https://skopje.diplo.de/mk-mk/service/visa-einreise