Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев вчера преку социјалните мрежи го потсети премиерот Зоран Заев за неговите дадени ветувања, нагласувајќи дека високите цени за откуп кои ги ветувал премиер, денес се сведени на срамни 1 денар за 2 килограми јаболка.
-Денес во Преспа се откупуваа 2 кила јаболки за 1 денар. Да, добро прочитавте: 2 кг за 1 денар !!! Вака ЛАЖЕШЕ и СУШЕШЕ Заев. Ветуваше ВИСОКИ цени и ГАРАНТИРАН откуп. Лажење без усул. Еј, 2 килограми за 1 денар. Срамота! Оставка! Оставка! Оставка, напиша Ѓорчев вчера на социјалните мрежи.