Економија 20.12.2018 19:08

Ѓорчев: Ниту една влада до сега не ги исцедила граѓаните толку како СДСМ

Ѓорчев: Ниту една влада до сега не ги исцедила граѓаните толку како СДСМ

Ѓорчев образложи дека му е жал што наназад година ипол, две оваа влада и оваа гарнитура има потрошено повеќе од 5 милијарди евра, а ништо не е направено. Ниту една шајка не е закована, една бандера не е поставена.

Можам да констатирам дека за време на расправата на Комисијата за финансирање и буџет, владата на Зоран Заев и неговиот министер Драган Тевдовски не прифатија ниту еден амандман поднесен заеднички од поголем број на опозициски пратеници со исклучок на неколку минимални амандмани кои што заедно имаат минимална вредност, појасни Ѓорчев.